Учесници на фестивал на млади во Русија на средба со амбасадорот Шчербак

Свети Николе, 02.12.2017

Учесниците кои ја претставија Македонија на 19-тиот Светски фестивал на млади и студенти вчера остварија средба со Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, неговата екселенција Олег Шчербак. Драгоцената средба се одржа во хотел Русија во Скопје.

Младите му врачија благодарница на амбасадорот Шчербак за неговиот придонес во реализацијата на големиот настан во Русија
Младите му врачија благодарница на амбасадорот Шчербак за неговиот придонес во реализацијата на големиот настан во Русија

На средбата учесниците му ги пренесоа на амбасадорот на Руската Федерација своите впечатоци од фестивалот. Притоа,младите и студентите го изразија своето задоволство што им беше укажана можноста да бидат дел од овој неверојатен настан.

Значаен придонес во подоготовката на македонската делегација даде и Амбасадата на Руската Федерација во Републик Македонија, Во тоа име чесниците му врачија благодарница на амбасадорот Олег Шчербак.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе