Човечните пораки на „Порака“ од Македонска Каменица

Македонска Каменица, 03.12.2017

Убава вечер имаа лицата со посебни потреби во рударскиот град. Во организација на нивното здружение „Порака“ во соработка со хуманитарното здружение „Бели Гулаби“, а со финансиска поткрепа на рудникот „Саса“, кој зад оваа организација стои со години, овие лица имаа една прекрасна вечер. Посебен шарм на настанот дадоа гостите од иста организација од Скопје. Вечерта беше разубавена и со пригодно обраќање на градоначалничката Соња Стаменкова, првата жена градоначалничка во севкупната историја на Источниот регион. Практично, од убавата вечер на убавото дружење излегоа многу човечни пораки.

Наташа Џевелекова, претседателка на овие здруженија потсети дека:

FOTO2_Gradonacalnicka na M. Kamenica-Sonja Stamenkova
На присутните им се обрати и градоначалничката Соња Стаменкова

„Лицата со посебни потреби често пати се соочуваат со голем број предрасуди и изолација во средината во која живеат. Затоа секоја прилика за дружење, забава и внимание кое за некои луѓе можеби претставува секојдневие, за овие луѓе има посебно значење. Рудникот САСА е еден од субјектите кои со својата континуирана поддршка што ни ја дава, покажува на дело дека целосно го разбира ова, за што ние и нашите членки сме им благодарни“.

Општина Македонска Каменица и во иднина ќе остварува зголемена и директна соработката помеѓу локалната самоуправа и лицата со посебни потреби, вети градоначалничката Соња Стаменкова. Од рудникот „Саса“ ветуваат финансиска и организациона поддршка и во сите идни години

На присутните им се обрати и градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова. Таа вети дека и во иднина Општината ќе остварува зголемена и директна соработката помеѓу локалната самоуправа и лицата со посебни потреби. –„Овој вид соработка ќе биде интензивирана и со повеќе здруженија и хуманитарни организации“, потенцира Стаменкова.

Максим Прохоров, директор за инвестиции и развој во рудникот „Саса“, смета дека секој човек, без оглед на својот статус и потреби заслужува да биде еднакво среќен и прифатен во општеството.

„Тоа е мотивот на компанијата за поддршката што секоја година ја обезбедува за активностите што ги спроведуваат здруженијата на лицата со посебни потреби во Македонска Каменица. На тој начин компанијата придонесува за подигнување на јавната свест за потребите на овие лица“, вели Прохоров.

Во текот на годините рудникот САСА организираше различи прослави и дружења со лицата за посебни потреби од градот по различни поводи, а со своја. Најуспешниот рударски репрезент во државата со донација учествуваше и во хуманитарната акција за собирање средства наменети за Дневниот центар за лица со посебни потреби во градот. Поддршка на рудникот САСА за лицата со посебни потреби ќе продолжи во континуитет, уверуваат во компанијата.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе