Штипски археолози го истражуваат локалитетот Киево

Штип, 26.11.2018

Археолози од Заводот за заштита на спомениците на култура и музеј Штип со група од 40 работници го истражуваат археолошкиот локалитет Киево во близина на селото Горни Балван.

„Истражувањата се на барање на АД Мепсо бидејќи на тој терен минува негов muzej g balvan 1далековод. Се работи за локалитет од железно доба каде постои средновековна некропола, а под падините на доцноантичкиот локалитет Киево“, информира Мите Штерјов, директор на оваа штипска установа.

Според Штерјов тие за најмногу четириесет дена ќе ги заврѓат работите и ќе ја ослободат трасата за АД Мепсо да може да ја реализира инвестицијата.

Заводот за заштита на спомениците на култура и музеј Штип во првата половина од месец деќември планира да ја промовира книгата „Штипјани учесници во Балканските и во Првата светска војна“. Оваа книга ја има уредено Емилија Коруновск,а виш кустот, историчар на уметноста.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе