ШТИП: АРМ во поддршка на полицијата, зад Здравниот дом отворен пункт за тестирање на граѓаните

Штип, 23.03.2020

На денешниот координативен состанок на Општинскиот Штаб за заштита и спасување во проширен состав се донесе следните заклучоци:

-Од денес АРМ е ставена во функција на поддршка на МВР, освен на граничните премини ќе биде и на терен во служба на граѓаните според потребите.

-Апелираме граѓаните најсериозно да се придржуваат кон полицискиот час, од вечерва секој кој ќе биде затечен надвор од својот дом после 21 часот ќе биде приведен во полициска станица.

-Од денеска е отворен пункт на паркингот кај ЈЗУ Панче Караѓозов за тестирање на граѓани. Од утре (24.03.2020 ) паркингот позади ЈЗУ Панче Караѓозов ќе биде затворен за движење на возила од 08 до 14 часот поради формирањето на овој пункт. Граѓаните треба да знаат дека тестирањето се врши исклучиво со упат од матичен лекар.

 

-Поради тоа што до денеска немаме никакви информации за вршење на дезинфекција на влезовите во станбените згради од страна на куќните совети, Оптина Штип ќе пристапи кон вршење на дезинфекција. Нема да дозволиме да бидеме набљудувачи во ваква вонредна состојба затоа што здравјето на граѓаните ни е пред се.

-Општина Штип денеска ги снабди со заштитни маски локалните и централните институции на територијата на Општината до денеска  се поделени над 3.000 маски на АРМ, СВР, Клиничка болница, Здравстввен дом, Трансфузија, ЈП Исар, ЈП Стипион, Територијачнтата проривпожарна единица.

-Во петок, на 27 овој месец ќе се затвори Градскиот пазар на ден петок, со цел превенција и заштита на граѓаните од Корона вирусот. ЈП Исар има обврска за го спороведе заклучокот.

-Пензионерите, лицата со посебни потреби и лицата со други болести да не ги напуштаат своите домови доколку не е неопходно и да ги користат телефонските броеви на Општина Штип (078 472 621 и 032 226 623) со што мобилните екипи ќе им излезат во пресрет за нивна помош од типот на: плаќање на сметки, пазарување на основни намирници за исхрана, подигање на лекови од аптека и достава до живеалиштето.

– Општинската организација на Црвениот крст, во соработка со Општина Штип отвори телефонска линија за психосоцијална поддршка на граѓани 074/203-050 која функционира од 10 до 13 часот.

-Општина Штип заедно со ЈП „Исар“ и ТППЕ Штип продолжуваат со редовно дезинфицирање на улиците, јавните површини, плоштадот, површините пред маркетите и аптеките, во просториите на СВР Штип, ЈЗУ „Здравствен дом“ Штип, и сите останати витални институции со цел поголема безбедност на граѓаните.

-Сите институции на локално ниво работат со намален капцитет заради заштита на граѓаните. Тоа се сите сектори на ЈП Исар и ЈП Стипион како зеленило, наплатни центри, водовод и канализација.

-Во последните 24 часа има четири тестирани лица од регионот, а сите се негативни.

-Сите правни субјекти кои користат јавна површина пред деловен објект од периодот на прогласување на пандемија се изземаат од плаќање на комунална такса кон Општина Штип.

-Апелираме да се следат препораките на Министерството за здравство и на сите надлежни институции, беа заклучоците од денешниот состанок.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе