Штип, 17.08.2018
Штип денес го чествуваше револуционерното дело на народниот херој Славчо Стојменски. Настанот се оддржа во алејата на народните херои каде е и бистата на Стојменски, а по повод 17 август, денот во кој во 1943 година тој беше застрелан од бугарската полиција.
Настанот беше во организација на гимназијата која го носи името на херојот, а кој бил еден од нејзините ученици, и во организација на СЗБ од НОВ на Штип.
Стојменски уште како гимназијалец, заедно со Ванчо Прќе, исто така народен херој, се вклучува во револуционерното движење и како таков и станува познат на полицијата. Повеќепати бил повикуван во полициската станица и предупредуван да се откаже од своите револуционерни активности, но Славчо Стојменски не подлегнал пред уцените. Во 1942 година бугарската полиција го апси Стојменски но тој, притранспортот до затврот, успеал да побегне. На 17 август 1943 година, бугарската полиција дознала дека во една штипска куќа Околискиот комитет има состанок, упаднала во куќата и смртно го застрелала Стојменски додека сите други членови успеале да се спасат.
На 11 октомври 1953 година, со указ на Јосип Броз Тито, Славчо Стојменски е прогласен за народен херој.
На настанот видно беше отсуството на претсавници на опозициската ВМРО ДПМНЕ која продолжува да ги игнорира чествувањата на првоборците и народните херои на Македонија.
„Славчо Стојменски е името на револуционерот и народен херој кое со гордост го носи штипската гимназија. Неговотоиме и неговото дело се овековечени во историјата на градот и неговата земја. Неговата биста стои гордо исправена во алејата на народните херои што се родиле и израснале во градот под Исарот“, рече во својот говор Росана Бадева, ученичка во Гимназијата.
Целиот настан помина во пеење на револузионерни песни од страна на хорот на Гимназија под диригентската палка на професорот Дејан Илиевски.
Свежо цвеќе пред бистата на херојот положија делегации на општина Штип предводена од градоначалникот Благој Бочварски, на СДСМ предводена од претседателот на Општинската организација Никола Тушев, на Универзитетот Гоцее Делчев, на боречката организација и други.
Настанот, како и во сите други прилики кога се во прашање првоборците и народните херои на Македонија, не го чествуваа претставници на опозициската ВМРО ДПМНЕ.