ШТИП: За четири дена во перфектна организација во „Јордан Мијалков“ вакцинирани околу 4.000 лица

Штип, 08.05.2021

Граѓани од Штип, Кочани, Виница, Берово, пехчево, Делчево и други места од источниот регион во голем број доаѓаат во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип за да примат вакцина „Синофарм“ и на таков начин да се заштитат од планетарната зараза од вирусот Ковид 19.

доц.д-р Дијана Коцева Миланова
доц.д-р Дијана Коцева Миланова

Денес бевме во регионалниот вакцинален центар каде на лице место се уверивме во големиот број граѓани кои сакаат да се вакцинираат.

–„Имам 67 години, мил ми е животот мој, а уште повеќе на моите внуци и целата моја фамилија, на роднини и пријатели и сакам да бидат сигурен во однос на короната. Едвај чекав да можам да се вакцинирам и кога ми се даде ваква прилика дојдов во Штип за да го направам тој чин“ , ни изјави Милка од Кочани.

003И Горѓи од Штип, кој има 45 години, а работи како учител денес се вакцинираше. –„Сакам да ни се врати нормалниот живот, да си ги видам учениците во училницата, сакам да се заштитам себеси и другите и затоа кога ми дојде редот јас ја примив вакцината. Презадоволен сум од организацијата во секоја смисла, посебно од медицинскиот персонал, се е на највисоко можно ниво“, ни рече Горѓи.

Митко Тодосиев, познат штипјанец, исто така денес се вакцинираше заедно со својата сопруга. На фб објави дека тоа го направиле за да си го заштиат своето и здравјето на своите најмили.

Доц.д-р Дијана Коцева Миланова е дел од лекарскиот тим од четири доктори и 44 медицински сестри кои се грижат за вакцинирањето као и студентки по меидицина. –„ Со вакцинација во спортската сала во Штип започнавме на 4 овој месец и до овој ден имаме близу 4.000 вакцинирани лица. Сакам да појаснам дека во два турнса подигнати се 7.500 вакцини, прво 5.000 а потоа уште 2.500 од кои 2.000 вакцини се дадени на здравствените домови во блиските општини“, вели д-р Дијана. Инаку, за овој вакцинален центар се предвидени вкупно 16.000 вакцини кои му стојат на располагање на регионот во моментов, а нова пратка ќе дојде кога нов контигент ќе дојде во нашата држава.

004За се да биде во најдобар ред на влезот се грижат полицајци и лица од АРМ и луца вработени во локалната самоуправа. Нивниот однос кон луѓето кои доаѓаат од сите страние исклучително коректен и културе, а волонтери на Црвениот крст ги насочуваат луѓето кон местата на кои треба да ја примат вакцината.

Капацитетот на „Јордан Мијалков“ како вакцинален пункт е до 1.800 вакцинации во две смени кои траат од 8 до 20 часот.

Митко Тодосиев
Митко Тодосиев

-Со секој нов ден расте бројот на луѓето кои доаѓаат да се вакцинираат. Терминот за вакцинирање се довива преку сајтот за вакцинација , повеќе нема термини преку матичните доктори. Прво се имунизираа вработените од критичната инфраструктура како градинки, училишта, пожарникари, полиција, АРМ, по нив следуваат вработнеите во конфекциите и другите фирми. Важно е да се каже дека кај вакцинираните посериозни нус појави нема освен вообичаеното покачување на температурата и мали реакции на местото каде е дадена вакцината, но и тие симптоми бргу поминуваат, а ги има кај мал број луѓе, појаснува доц.д-р Дијана Коцева Миланова.

Претходно, во вакциналиот пунк во Здравниот дом во Штип се вакцинираа над 1.000 лица постари од 70 години.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе