ШТИП: Иван Јорданов избран за претседател на Советот за развој на Источниот плански регион

Штип, 19.11.2021

Штипскиот градоначалник Иван Јорданов е избран за претседате на Советот за развој на Источниот плански регион. Неговиот мандат на оваа функција е една година.

Изборот е направен на денешната конститутивна седница на овој регионален орган, а Јорданов на оваа важна функција е избран како градоначалнк на општина со најголем број жители во рамките на  регионот.

На седницата се верифицирани мандатите на сите единаесет градоначалници од регионот кои го чинат Советот за развој на ИПР. Тпа се градоначалниците на Берово, Делчево, Пехчево, Виница, Кочани, Македонска Каменица, Зрновци, Чешиново-Облешево, Пробиштип, Карбинци и Штип.

На денешната седница е донесена одлука за распишување на јавен повик за избор на член на ИПР – претставник од здруженијата кој ќе има мандат од четири години но ќе биде без право на глас како и член – претставник на бизнис заедницата чиј мандат исто така е четири години но без право на глас.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе