ШТИП: Инспекторите со предлог советниците да потпишат свечени изјави со уставното име на државата, инаку…

Штип, 5.11.2021

Потегот на советничкото мнозинство на ВМРО ДПМНЕ во Штип и општина Аеродром свечените изјави на конститутивните седници на Општинските совети да ги дадат и потпишат со неуставното име на државата-Република Македонија во градот под Исарот ги донесе инспекторите од државниот инспекторат за локалната самоуправа. Тој чин завчера го најаваи Горан Милевски, министер за локална самоуправа.

Инспекторите во Штип остварија средба со штипскиот градоначалник Иван Јорданов, со Душко Иванов, координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, и со претседателката на Советот, Весна Карагунова-Кожинкова, која за првата советничка фотеља беше избрана од мнозинството советници по дадените свечени изјави, а без присуство на советниците од опозициската СДСМ и коалицијата.

Рагим Муслиу, виш инспектор во државниот инспекторат за локална самоуправа, по средбата истакна дека по увидот кои тие го направиле во рок од три дена ќе биде доставено решението до градоначалникот и до службите во Советот, а во кое како инспекторат ќе се изјасната дали се валидни или не дадените свечени изјави. Муслиу посочи дека ќе направат увид во целокупната документација. Според него нема потреба од нова конститутивна седница, а најбезболно решение е советниците да потпишат изјава со уставното име на државата. Тој се надева на соработка од страна на советниците и општината, во спротивно можат да донесат и одлука за „забрана на пропис“, што ќе ја блокира општината се до одлуката на Уставен суд.

-Нашите законски надлежности не обврзуваат и ни ја даваат таа опција ако имаме соработка со општината, прво одиме со укажување пред да се носи решение за „запирање на прописи“. Се надевам дека така ќе се постигне договор, ќе им се даде одреден рок и од првата наредна седница да се смени работат, вели Муслиу.

Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Душко Иванов и денеска го повтори истиот став како и претходно: дека тие, како владеачко мнозинство, ќе почекаат да ги видат конкретните заклучоци, а потоа ќе донесат одлука.

Вишите инспектори од државниот инспекторат за локална самоуправа со првите луѓе во општината го имаа во 10 часот, кога и беше закажана втората седница на Советот на Општина Штип. Седницата доцнеше цел час, а кога таа почна советничката група на СДСМ си остана на ставот дека одлуките кои ќе се носат на седницата на Советот нема да бидат валидни и по паузата за координации ја напуштија седницата на Советот. Марија Рогожарска-Поповска координатор на советничката група на СДСМ истакна дека како советници не сакаат да дадат легимитет на седницата на која така еклатантно се крши највисокиот зкаонодавен акт во државата-Уставот.

Од Инспекторатот за локална самоуправа информираат дека  вонреден инспекциски надзори покрај во Штип денес имале и во Општина Аеродром. Според Муслиу, во Општина Сопиште сите советници свечените изјави ги потпишале со уставното име на државата.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе