ШТИП: Корона вирусот ставен под контрола, во мај и јуни бесплатен паркинг

Штип, 24.04.2020

„Штип беше меѓу првите градови кои беа нападнати од корона вирусот, но општинските институции во соработка со централните превземајќи ги навремено сите неопходни мерки направија денес во нашиот град вирусот да биде ставен под контрола“.

Ова, на денешниот состанок  на Општински штаб за заштита и спасување го рече градоначалникот Благој Бочварски кој е и на чело на овој штаб.

Според Бочварски Штип денес може да испорача една позитивна вест, а тоа е веста дека денеска во Штип нема новозаболени лица, затоа пак има 7 излекувани, со што бројката на излекувани се искачи на 19 лица.’

Бочварски им се заблагодари на Министерството за одбрана и на Генералштабот којшто ги ставија на располагање своите капацитети на Општините преку Армијата.

-Во овој момент нашите општински сили се на ниво на задачата и успешно се борат со овој предизвик, што значи дека Општина Штип до овој момент не ги оптоварува капацитетите на државата, затоа што сме добиле мандат како локална самоуправа да се справуваме со секој предизвик користејќи ги нашите сили и капацитети, рече првиот човек на Општинскиот штаб за заштита и спасување..

Од овој викенд Бочварски најави нов циклус на масовно дезинфицирање на улиците и јавните површини во градот, денеска 15 волонтери на Општината се ставија на располагање да помогнат во ставање на ред и делење на заштитни маски за секој граѓанин кој влегува во градскиот пазар, општината ќе ги ослободи од наплата на комунални такси и користење на јавен простор сите правни субјекти коишто се погодени од оваа криза во период на траење на вонредната состојба.

Во месеците мај и јуни граѓаните нема да плаќаат паркинг, а за тоа време вработените во паркинг службата ќе бидат ангажирани на други работни позиции во ЈП „Стипион“. Правните субјекти кои немаат остварено приход за време на вонредната состојба ќе бидат ослободени од 50% од плаќање на фирмарина за 2020 година.

– Дозволите за достава на храна и намирници на маркетите и рестораните ќе важат и за овој викенд, а за овие мерки ќе одлучува Советот на општината..

                                                                                                                                  (и.б.)

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе