ШТИП: Макпетрол донира 95 таблети за ученици во ООУ „Гоце Делчев“

Штип, 06.03.2021

Познатата македонска компанија „Макпетрол“ донесе одлука за донирање на 95 таблети за ученици во ООУ „Гоце Делчев“ во Штип.

Комисијата за статут и прописи одлучи донацијата во вредност од 539.623 денари да биде прифатена и упати благодарност до донаторот.

Таблетите наскоро ќе пристигнат во ова училиште и ќе бидат доделени на ученици од социјално ранливи семејства кои немаат компјутери за да можат да следат онлајн настава. Инаку, во ООУ „Гоце Делчев“ се школува поголема група на деца од ромска националност.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе