ШТИП: Повик до студентите за кастинг за нов спот на Универзитетот „Гоце Делчев“

Штип, 25.02.2019

Универзитетот „Гоце Делчев“ објави отворен повик до своите студенти за учество како статисти во најновиот спот за промоција на оваа високообразовна институција.

„Спотот треба да ги промовира студентите, а истовремено да биде и промотор на нашето стопанство, еден вид патоказ и мотивација на нашите студенти каде тие би можеле да ја профилираат својата иднина. Спотот треба да ги мотивира младите кои студираат на нашиет факултети  наместо да одат во странство да останат дома, да бидат дел од нашите стопански организацции и научни институции, наместо во туѓина дома да градат успешни кариери, вели проф.д-р Кирил Барбареев, проректор на УГД.

Спотот ќе го изработи Филмскаата академија од Скопје.

Кастингот ќе биде во четврток, на 28 овој месец, 12 часот, во холот на Кампус 2. Можат да дојдат сите заинтересирани студенти од УГД.

Лица за контакт: Сара Јазаџиска 071 490 100 jazadziska@gmail.com

Александар Максимов  071 242 247  aleksandar.maksimov@ugd.edu.mk

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе