ШТИП: Прес конференција на ВМРО ДПМНЕ пред вакциналниот центар и експресен одговор на штипскиот градоначалник д-р Сашко Николов
Штип, 10.05.2021
Највозбудливата прес конференција во 30 годишната историја на Штип во независна Македонија се случи денес пред вакциналниот центар „Јордан Мијалков“. ВМРО ДПМНЕ преку својот претставник Душко Иванов се обиде да ја искритикува целокупната организација во и околу вакциналниот центар, при што на удар му беше градоначалникот д-р Сашко Николов.
Но, на несреќа на Иванов и неговата партија баш во време на нивниот прес на местото на настанот се најде и градоначалникот Николов кој внимателно слушаше што говори репрезентот на опозициската партија. Кога претставникот на опозицијата го заврши својот говор, пред новинарите застана градоначалникот и аргументирано му ја сруши целата критички настроена теза на Иванов.
Но, наместо да прераскажуваме слушнете го целиот прес и говорите на Иванов и на д-р Николов па сами пресудите кој тука лаже, а кој ја говори вистината.