ШТИП: Проф.д-р Методи Чепреганов на штипската библиотека и подари 60 монографии, негови капитални дела за мозокот и неговата функција

Штип, 10.05.2021

Родонокрајното одделение на Националната библиотека „Гоце Делчев“ во Штип од денес е збогатено со 60 книги-монографии, авторски дела на познатиот проф.д-р Методи Чепреганов, специјалист по невропсихијатрија и епилептологија. Овие капитални трудови од областа во која д-р Чепреганов е светски признат експерт ќе им послужат пред се на идните доктори кои сега се студенти на Медицинските факултети ширум нашата држава. Монографиите се дела за мозокот и неговите функции. Познатиот доктор е роден штипјанец и многу емотивно е врзан за родниот град.

184391883_240015437875019_5602186422753859765_n-Професорот Чепреганов вчера, во ден недела, пријатно не изненади со неговата одлука на нашата библиотека, за нејзиното роднокорајно одделение, да и подари 60 монографии од областа на медицината. Професорот како роден штипјанец во нашата библиотека се води како роднокраен автор, а тој никогаш не заборава од секоја своја нова книга да ни подари по некој примерок. Би кажал дека со проф.д-р Чепреганов имаме константно одлична соработка која трае со години, вели Драган Ѓорѓиев, советник за информатички работи при библиотеката „Гоце Делчев“ во Штип.

Библиотеката „Гоце Делчев“ во знак на благодарност на односот на проф.д-р Чепреганов кон неа му возврати со изработка на неговата персонална библиографија во рамките на едицијата „Персонални библиографии“.

Во предговорот на библиографијата стои дека проф.д-р Методи Чепреганов е личност која дала и сеуште дава голем придонес во медицината, особено во областа на неврологијата. Во своите монографии професорот пишува за мозокот и сите проблеми кои се јавуваат кај него, за болестите на мозокот, туморот, мигрената, стресот, деструктивниот нагон, агресијата и друго. Проф. д-р Чепреганов со над 130 свои трудови учестувал на голем број меѓународни конференции и научни симпозиуми.

Поради својата посветена работа на оваа важна област тој е нарекуван „доктор за мозок“.

Штип на проф.д-р Чепреганов му се оддолжи со доделување на орденот „Свети Никола“.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе