ШТИП: Со европски пари ќе се обновува инфективното одделение при Клиничката болница

Штип, 16.12.2019

Штип и општина Гоце Делчев од соседна Бугарија преку Центарот за развој на Источниот плански регион, ќе инвестираат 380.000 евра во обнова и осовременување на свои здравствени капацитети. Договор за ова денес потпишаа градоначалниците на двата пријателски града.

Штип добива 230.000 евра европски пари во рамките на проекти за прекугранична сорабока финансирани од фондовитер на ЕУ. Директорот на Клиничката боница изјави дека Ален Горгијев овие пари ќе бидат искористени за реконструкција на инфективното одделение со цел да се подобри енергетската ефиканост на објектот и намалување на емисиите на стакленички гасови. Тоа ќе значи обнова на прозорци, врати, фасада и електричната инсталација.

002Во градот Гоце Делчев ќе се работи на санација на водоводниот и канализационио  систем, ќе биде инсталирана фотоволтаична централа на покривот на објектот, ќе се намалува продукцијата на стакленички гасови и ќе се работи на намалување на количините на вода.

Овој проект се реализира под името „Климатски пријателски здравствени институции.

Според директорот на штипската клиничка болница реализацијата на оваа инвцестиција ќе започне годинава.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе