Штип со комеморација во спомен на депортираните евреи

Штип, 11.03.2018

Штип денес на достоинствен начин одново се присети на депортацијата на евреите од овој град и со комеморативна седница ја одбележа 75 годишнината од депортацијата. На одбележувањето присуствуваа претставникот од Еврејската заедница, Пепо Леви, д-р Кирил Барбареев, проф. Марија Иванова, градскиот хор „Штип“ под диригенство на м-р Ивана Ѓурѓевиќ, владината и собраниската делегација.

Од комеморативната седница
Од комеморативната седница

„Им оддаваме должна почит на нашите сограѓани Евреи, но и на сите останати Евреи и други жртви на Холокаустот и трајно се определуваме да го негуваме споменот кон нив. Го осудуваме Холокаустот, го осудуваме негирањето и искривоколчувањето на Холокаустот, како и сите форми на геноцид и кршење на човековите права како што се антисемитизмот, дискриминацијата, говорот на омраза, ксенофобијата, расизмот. Сите треба да се сеќаваме, дека секоја жртва не е бројка, туку има свое име. Македонија загуби голем дел од својата култура, со смртта на 98 проценти од еврејското население. Да се запамети за да не се повтори дека прогонот на шест милиони Евреи во логорите на смртта во Втората светска војна, започнал со говор на омраза што прераснало во демонизација на цела група луѓе осудени на смрт во концентрационите логори“ – рече градоначалникот Бочварски.

Делегации положија свежо цвеќе на споменикот на депортираните евреи
Делегации положија свежо цвеќе на споменикот на депортираните евреи

По комеморативната седница, градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со владината и собраниската делегација положија цвеќе пред споменикот на штипските Евреи, а потоа ги посетија еврејските гробишта. Општина Штип и во иднина ќе го чествува овој тажен но значаен настан од својата историја.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе