ШТИП: Техноинвест го носи ВМРО ДПМНЕ пред суд

Штип, 18.02.2019

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ ја продолжува јавната битка против штипската фирма Теехноинвест за која, оваа партија инсинуира дека е дел од бизнисот на семејството на актуелниот градоначалник. Инсинуациите се насочени кон тоа дека Техноинвест, како и градежната фирма Пелагонија која од поодамна е во посед на потесната фамилија на Бочварски, користејќи ја позицијата на власт незаконски градат станбен објект во центарот на градот, односно зад СОУ „Ванчо Прќе“.

Таквата инсинуација од оваа партија јавно ја интерпретираа пред неколку дена, по што од Техноинвест им порачаа или да си го демантираат јавно изкажаното и објавено, или ќе се соочат со суд каде ќе мора да ја докажуваат вистинитоста на своето тврдење.

Од ВМРО ДПМНЕ не само што не го послушаа укажувањето туку денес ја продолжија, како што тие тврдат „борбата за докажување на вистината“.

Од партијата го објавија следото:

„Ве повикуваме да одговорите на следниве прашања, за да не постојат сомневања во јавноста:

1.Дали компаниите Пелагонија Инжинеринг Штип и Техноинвест ДОО Штип имаат исти основачи и сопственици?

  1. Дали компанијата Пелагонија Инжинеринг има одобрение за градба на КП 8631/1, со оглед на тоа што на страната на Агенцијата за катастар нема заведено лист за предбележување?
  2. Дали споменатите геомеханички истражни работи се всушност основи за темели на стамбен објект, со оглед на тоа што за такви истражувања се ископуваат мали дупки?
  3. Во чија сопственост е катастерската парцела 9233, со број на имотен лист 100507?-прашуваа(т) од оваа партија, а јавното прашање го завршуваат со следното:

-Политичките партии имаат обврска да бидат транспарентни кон граѓаните. Ве охрабруваме да делувате во насока на обезбедување информации за јавноста и да одговорите на сите прашања кои се во интерес на јавноста.

Наместо одговорите кои јавно ги барааше ВМРО ДПМНЕ, од Техноинвест на партијата и „залепија“ јавна покана за на суд.

„Бидејќи до овој момент, а во законски предвидениот рок, не ги повлековте објавените клевети и невистини дадени во јавноста, овој процес понатаму продолжува на суд каде што ќе морате да одговорите Вие и вашите претставници пред надлежните органи, за сите објавени невистини“, најавија од оваа фирма.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе