ШТИП: Црквата „Св.Власие“ ќе се санира и конзервира со 220.000 евра европски пари

Штип, 27.03.2019

55591777_357425404981969_5111414658841968640_n_447x600Заводот за заштита на спомениците на култура и музеј Штип потпиша договор  со кој се здоби со можноста да користи 220.000 евра од ИПАР фондовите за санација и конзервација на црквата „Св.Власие“.

-Проектот е во рамките на прекуграничната соработка со Република Бугарија. Тој е во вредност од половина милион евра, од кои 220.000 евра ќе ги користиме ние за спомнатата црква која се наоѓа во подножјето на средновековната тврдина Исар, вели Мите Штерјов, директор на оваа установа.

Црквата „Свети Васие“ датира од 14 век и е една од црквите кои се спомнувани во историските податоци. Остатоците од неа се откриени при археолошките работи во 2008/9 година.

-Тие години ја откривме, ја ископавме и ја доведовме до ниво да може да извршиме санација и конзервација. На проектот ќе запонеме да работиме годинава, вели Штерјов.

Заводот и музеј Штип ги извршува завршните фази на Хусамедин пашината џамија во реонот „Св.Илија“ по што ќе се бара инвеститор за нејзина реставрација и конзервација  по што истата ќе биде промовирана во уметничка галерија. Музејот е при крај и со изработката на проектор за конзервација и реставрација и на средновековната тврдина „Исар“.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе