Денот кога Дражен почина: Дождлив автопат, скршени соништа и наследство кое живее 33 години

Дражен Петровиќ, кошаркаркиот Моцарт, почина на денешен ден во 1993 година во сообраќајна несреќа. Неговата смрт остави неизбришлив белег, а филмот „Дражен“ го слави неговото наследство.

7 јуни 1993 година е денот што ја зави хрватската и светската кошарка во црно. Еден од најголемите европски играчи на сите времиња, го загуби животот во ужасна сообраќајна несреќа во Германија.

По квалификацискиот натпревар на хрватската репрезентација во Полска, каде што Хрватска веќе обезбеди место на Европското првенство, Дражен Петровиќ донесе судбоносна одлука. Наместо да се врати со остатокот од тимот со авион од Франкфурт до Загреб, тој одлучи да го продолжи патувањето со автомобил. Тој беше желен да ја види својата тогашна девојка, германската манекенка и кошаркарка Клара.

Тоа дождливо попладне, околу 17:20 часот, на автопатот А9 недалеку од Инголштат, црвен „Фолксваген Голф“ управуван од Клара се движел кон Минхен. Дражен спиел на совозачкото седиште, без појас. На задното седиште била Хилал Едебал, турска кошаркарка и пријателка на Клара.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press