Меси му приговори на судијата: Обраќај ми се со почит!

Четвртфиналниот натпревар од Светското првенство во 2026 година помеѓу Аргентина и Швајцарија, во кој Аргентина победи со 3:1 по продолженијата, покрај фудбалската тензија, донесе и момент што брзо го обиколи светот.

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, и португалскиот судија Жоао Педро Пињеиро влегоа во жестока дебата, сето тоа поради тонот со кој судијата му се обрати на аргентинскиот фудбалер. Настанот се случи во текот на првото полувреме од напнатиот натпревар, пишува Марка.

Инцидентот се случил непосредно пред да се изведе слободниот удар за Швајцарија. Додека Меси стоеше во живиот ѕид, судијата Пињеиро му нареди да се помести на пропишаното растојание. Меси беше очигледно вознемирен од тонот и гестовите на судијата, па реагираше веднаш. Откако беше изведен слободниот удар, телевизиските камери го снимија продолжението на дискусијата.

Меси повторно му се приближи на судијата, и според неговото читање од усни, тој му рече:

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press