Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, објави дека организацијата нема да продолжи со проектот „FIFA Forward Enterprise“, кој требало да создаде основа за финансирање и зајакнување на националните фудбалски асоцијации, пренесуваат светските новински агенции.
Инфантино наведува дека проектот требало да се спроведе само доколку добие поддршка од мнозинството членки на ФИФА. По разговорите со засегнатите страни, како што вели тој, станало јасно дека таква поддршка нема.
„Откако ги сослушавме сите страни, стана јасно дека немаме потребно ниво на поддршка. Нашата цел секогаш ќе биде да се обединуваме и да се подобруваме. Затоа нема да продолжиме со проектот“, објави Инфантино, според пренесената изјава.
Планот предвидувал создавање ново комерцијално тело што би управувало со главните натпреварувања на ФИФА и би овозможило учество на приватни инвеститори. Медиумот пишува дека планот бил напуштен по притисок од европските, азиските и северноамериканските фудбалски организации.
Инфантино најави дека ќе се обиде да ги приближи различните страни во фудбалот, со фокус на поддршка за земјите и асоцијациите на кои таа им е најпотребна.
