Штип, 18.10.2017
Илчо Захариев фатен во акција. Од врата на врата дели лекови. Никој жив не му ги контролира. Не се потребни рецепти. Рецептот е на секој-граѓанин примател на лекови да му се замати во глава и да го даде својот глас за Илчо бандитот невиден. Дознаваме дека лековите се од скриената залиха хуманитарна помош од средината на деведесеттите години кога тој беше под истрага за криминал со лекови и пари.
Ги предупредуваме жители на Штип кои добиваат лекови од Захариев лековите да ги однесат и да ги пријават во полицијата за од таму да бидат однесени во некоја лабораторија на анализа. Зашто Илчо преварантот ќе направи се, ќе иструе и половина народ ако треба само да остане во првата градска фотеља на Штип.
Во спротивно тој убаво си знае: ќе биде судски процесуиран, најголем дел од 40-те кривични пријави, по десет на година во неговиот мандат, ќе бидат процесуирани зашто во обвинителството нема повеќе да седат луѓе кои ја продаваат честа и достоинството на оваа држава и на овој град за противуслуга во вид на вработување на нивни блиски.
Илчо е фатен и како прави кривично дело, поткуп на гласачите, па не знаеме зашто одговорните институции не реагираат на ваквото злодело против народот, општина Штип и против Република Македонија…
(и.б.)