Скопје, 09.03.217
Мишко Иванов: – Има информации дека ќе го продавате МПМ?
Срчан Керим: – Зашто, да не сте вие заинтересирани за купување?
Мишко: – Зошто да не, ама ми пропадна шишето во Панонско море!
Срчан: – “Шта ме брига што Маџарска нема море, а има ратну морнарицу”?
Мишко: – Гледам дабро стоите со српскиот, веројатно сте полагале кај Бетка-Елизабетка, како би ја превеле изјавата на Будимир Лончар: “Sta to izmislja taj Kerim, da je navodno bio moj zamenik u SSIP-u Jugoslavije. To je notorna laz. Sramota! Nikada taj covek nije bio ni blizu mog zamenika” !
Срчан: – На тоа прашање најдобро ќе ви одговори колегата д-р Латас. Тој учел од Будо!
Мишко: – Новинарите од вашите весници два месеца протестираат, вие не сакате да ги примите?
Срчан: – Тоа за новинарите и медиумите, не е прашање на медиумите. Ќе одговорам таму на “лицето” место!
Мишко: – Добро не прашувам повеќе за шишето. Велат дека “пријателот на мојот пријател и мене ми е пријател”! Kакви ви се врските со Виктор Орбан?
Срчан: – Тоа ќе ги прашате царинските органи на Унгарија!
Мишко: – Добро, ако е така им верувам на царинските органи (“Унгарската царина пронајде 750 илјади евра, скриени во пластично шише во возилото на шоферот на Срѓан Керим и унгарската царина, со писмен допис, ги известила надлежните македонски институции да покренат постапка и да го расчистат случајот!”)
Мишко: А што стана со аферата со изградбата на амбасадата во Берлин? Да прашам во МНР, или во владата на Меркел?
Срчан: – И за тоа ќе си прашате на “лицето” место, кај портирот во амбасадата?
Мишко: – А кого да прашам за “кандидатурата во шише”, за генерален секретар на ООН?
Срчан: И за тоа ќе го прашате портирот во Владата на Република Македонија!
Мишко: Не поминавте во Њујорк, ама барем учествувате, што би рекол славниот Бузле Панта Реи Кубертенски!
Срчан: “Дуња е мердевина”. Ми се скрши скалата на половина пат!
Мишко: – Добро, а како е можно, да не помине претседателот на 62 Генерално собрание на ОН. Вие веќе бевте внатре во стаклената палата на Ист Ривер!
Срчан: – Се уплашија Американците. Се плашат од нас од Источна Европа. Сега ќе го менуваат и местото во Вест Ривер!
Мишко: – Горе – долу познати ми се надлежностите на гнереалниот секретар Гутереш. Која беше најголемата надлежност, почест и одговорност на претседателот на 62 Генерално заседание, извинете на претседавачот Керим? Срчан: – Според Статутот на ООН, во случај на напад од вселената, инвазија на вонземјани и слично, командната палка во светот ја презема претседавачот, тоест Срѓан Керим, тоест јас-лично!
Мишко: – Немам повеќе прашања, нашиот термин истече, гледачите што останаа живи и при здрава памет, нека се префрла на Алсат М, таму ги чека Чом!!!