Вечер за паметење: новинарите од истокот ги доделени „Источните оскари“
Свети Николе, 19.03.2017
- Во преубав амбиент во амфитеатарот на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе, новинарите од регионалниот центар „Исток“ ги доделија оскарите на најуспешните репрезенти во регионот во повеќе области. Посебно признание му беше оддадено на академик д-р Жан Митрев, првиот македонски кардиохирург, за неговите остварувања во здравството кои се од капитално значење за Република Македонија.
Во ноќ за паметење регионалниот центар на новинари „Исток“ при ЗНМ, ги додели „Источните оскари“ на најдобрите репрезенти на регионот во повеќе области. Во амфитеатарот на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ наградите за најдобри остварувања во 2016 година им беа доделени на :
Јанче Стојковски, рудар во рудникот „Саса“ како најдоброто во областа на трудот
Печатницата „Европа 92“ е најдоброто во областа на стопанството
Николајчо Николов, заменик генерален директор во рудникот „Бучим“ е прогласен за најдобар менаџер на 2016 година;
Соња Даниловска, наставничка од Пробиштип е најдоброто во образованието;
Даниела Такева е најдобриот новинар-репортер;
Горан Лефков е најдоброто во категоријата истражувачко новинарство;
Миле Ѓорѓијоски, доби оскар за извонредни остварување во хуморот и сатирата;
Ротари клубот Кочани-Виница се закити со оскар за хуманост;
Албиро, швајцарска компанија која е во деловни врски со делчевската конфекција „Крзно“ беше наградена за општествена одговорност
Мандолинскиот оркестар „Свети Николај“ – Свети Николе доби оскар за допринос во културата;
Хотелот „Манастир“-Берово го освои ласкавото признание за највисоки дострели во туризмот;
Ангиографското одделение при Клиничката болница-Штип е наградено како најдоброто во регионалното здравство;
„Осогово“-планинарско спортско друштво од Кочани е најдоброто во спортот
Посебно признание новинарите од центарот „Исток“ му доделија на првиот македонски кардиохирург, академик д-р Жан Митрев, за особен придонес во развојот на националното здравство од капитално значење за граѓаните на Република Македониј.
Сите наградени беа поздравени со громогласен аплауз од 200 присутни на настанот на кој извонреден настап имаше Мандолинскиот оркестар „Свети Николај“ од Свети Николе.
Церемонијата ја водеше новинарот Тони Михаилов а наградите ги предадоа Иван Бојаџиски, координатор на новинарскиот центар „Исток“ и Насер Селмани, претседател на ЗНМ.
Фотографиите се дело на познатото фотографско студио „КИС“ од Свети Николе.