Државата е прескапа играчка за да им се довери на аматери!?
Ако само една од клучните институции на системот – Обвинителството, навреме си ја завршеше задачата, тогаш немаше да ни се случи, целиот систем да се сруши како кула од карти, на една најбанална случка во Охрид, која доби планетарни димензии.
Државата е прескапа играчка за да им се довери на аматери!
Професорката Ана Павловска Данева, прецизно хируршки, исто како што, прецизно, воено – хируршки, генералот Радев, ќе му ги зацелуваат раните на својот новопечен Бугарин од Охрид, ја дијагностицира состојбата, обраќајќи се кон институциите: Почитувајте го начелото на сервисна ориентација кон граѓаните, а не на сервилна ориентација кон странски држави!
Во нормални држави, поентира професорката Павловска Данева, започнува истрага која завршува со судска одлука за сторено кривично дело (вклучувајќи го и нанесувањето тешки телесни повреди).
Истрагите кај нас, сега, ги води Обвинителството. Основното обвинителство во Охрид, промпно, отвори истрага за случајот со претепувањето на Бугарионот – секретар во Охрид, со прецизни инстант – кфалификации, до кои стигна за помалку од 24 саати!
Аферим!
Но, зошто, истото тоа обвинителство, доцни со истрагата и кфалификациите за истото лице – претепан Бугарин, за кого Полицијата поднела кривична пријава, уште лани, за конкретно кривично дело – трговија, односно растурање на тешки наркотици (кокаин!)!?
Доколку Обвинителството го стореше тоа навреме, сега немаше бугарската државна глава – Радев, да испраќа владин авион со медицинска екипа во Охрид за да си го прибере настраданото чедо – секретар на здружение, а нашите државни главои немаше така лесно да влетаат во приказната на Радев.
За навредата кон нас и понижувањето да бидат комплетни Радев во својата изјава ПОТЕНЦИРА дека лицето го “ЕВАКУИРАЛ!” од што, барем јас, читам дека бугарскиот концепт:” един народ – две страни”, веќе е на дело!
-Одговорна извршна власт се воздржува од давање политички квалификации за случаи за кои (треба да) следи судски процес. Денешните изјави на одредени политичари не само што разгоруваат етничка нетрпеливост, туку дополнително ја слабеат и онака ниската доверба на граѓаните во институциите, советува професорката. Павловска Данева.
Ајде и јас да бидам хируршки прецизен: ако, нашата институција – Обвинителство, навреме си ја завршеше својата задача за лицето – криминален случај, тогаш нашата друга институција – Полицијата, немаше да го пушти да излезе од земјата лицето – предмет на истрага, во еден случај, и против кое се води истрага за криминал, во друг случај.
Полицијата, ако беше похрабра, и без тоа “ќе се заблагодареше” на прекуграничното “внимание!”, затоа што, и без тоа, на тешко повредениот охриганец, кој ги доби сите степени на грижа во Охрид, му следеше транспорт за уште посоодветна грижа во Скопје.
Не е спорно дека охриганецот – бугарски секретар, е тепан и претепан. Нанесени му се тешки повреди и преломи на вилицата и повреди по лицето и главата и тоа е за секаква осуда. Добро е што нашите политичари го осудуваат чинот на насилството, но е, итекако, спорно што во своите изјави даваат предзнак на политичкото, а не на насилничкото.
За нив, од првиот дипломат Османи се до мене драгиот Стево, претепаното лице е само секретар на бугарски клуб, а немаат храброст да ги споменат и другите “својства”, а кои, или, им биле познати, или лесно можеле да се запознаат.
При секој случај, па и во овој, поважна од формата е суштината. Но, има ситуации, кога и во формата е суштината. Тепаниот и тепачите се нашле сосема случајно, во кафеана, “трезни и ненатопени!” како сува крпа “на дну мора!”.
Бујар, пријателе. По трет пат ти пишувам, заблагодари се на функцијата. Не ти треба во овој момент. Прашањето е премногу болно за Македонците. Тоа ти го вели и луцидниот Џевдет. Ниту сум јас албанофоб, а уште помалку е Хајредини. Искористи го моментот, со тоа ќе направиш две добра. Ем ќе останеш “Албанец кој размислува и говори подобро од Македонците”, ем ќе го изгаснеш огинот што се распламтува во твојата партија. Не боли тоа толку многу. Ти говорам од лично искуство. Дури и нема да заминеш на “Бирото” како мене, каде јас ги поминав последните 6 години пред пензионирањето.
Бучко може да ти објасни повеќе. Бучко, експертот – телекомуникациски, што би рекол Џевдет, тенкистот – олеснувач, буџетски и дипломатски !!!
Тепаниот и тепачот биле “колеги!” по кривично-правни “вопроси”!
Никој, никого не смее да тепа. Државата мора на секој да му гарантира дека нема да биде тепан. Насилие, во ниту еден случај!
Секако и на новопечениот, благонадеже Б,лгарин од Охрид. Тој не требало да да биде тепан, ниту поради тоа што е Бугарин, ниту смеело да е тепан, сеедно штo “дајакот” го изел од свој “колега” , не по професијата – Бугарин, туку од “вопроси” по кривично-правни дејанија, каде тепаниот не бил само секретар и Бугарин, туку растурач на дрога (во конкуренција со тепачот!).
Не е наш проблем што Бугарите одбрале токму таков да им ги застапува интересите, но е наш проблем, и тоа премногу голем, што влетавме, како кленови, во приказната на Радев кој го искористи инцидентот за да не насамари како будалести магариња!
Нашите водачи, беа дел од плетката на Радев, кој од ништо направи планетарен случај, од една сламка исплете дебело јаже со кое, сега, уште повеќе, ќе ни го приклештува вратот – одовде до Брисел.
Овој случај е сликовита илустрација на состојбите на духот во нашите официјални инаституции. Но, исто така, секое наше натамашно “надевање”, како имнституции, граѓанство и јавност, за милост и разбирање од официјална Софија, е само едно “пусто, лудо радовање”!
Ајде ќе ги ставиме и во Уставот. Каква гаранција е тоа?
Н И К А К В А!!!
Веле Митаноски