Берово, 22.03.20234
Владата во Софија на денешната седница одлучи да го прогласи граничниот премин „Струмјани – Берово“ меѓу Бугарија и Македонија за национален објект со што треба да ја откочи долгогодишниот застој во изградбата на патот од бугарска страна. Таква одлука денеска донесе бугарската влада.
„Ова е симболично и го покажува односот на државата кон развојот на инфраструктурата. Дополнително, со прогласувањето национален објект се олеснуваат процедурите поврзани со законот за територијално планирање, одобрување на детални развојни планови, експропријација и други за да не се одложува со развојот на овој инфраструктурен објект“, рече министерот за регионален развој и јавни работи Иван Шишков.
Тој додаде дека овој премин ќе има регионален карактер, низ него нема да се пропуштаат тешки товарни туку само патнички и товарни возила со вкупна технички дозволена максимална тежина до 3,5 тони.
Преминот КЛЕПАЛО ќе биде од регионален карактер, низ него нема да се пропуштаат тешки товарни туку само патнички и товарни возила со вкупна технички дозволена максимална тежина до 3,5 тони.
Изградбата на патот и граничниот премин, кој многу ќе го намали растојанието што треба да го минуваат жителите од регионите од двете страни на границата, постои во плановите неколку десетици години. Шишков за бугарската јавност го кажа она што македонската го знае добро – дека меѓу двете земји постои договор за негова изградба од 1999 година. Македонија одамна го изгради патот до граничната точка на своја територија, па дури и го направи преминот „Клепало“, кој стои запуште и обраснат во трева. Повеќе од една деценија македонската страна инсистира Бугарија да ги исполни преземените обврски од договорот потпишан пред повеќе од 20 години, но тоа не се случува. Последното ветување беше дека преминот ќе биде готов оваа година, но тешко дека таква работа може да се оствари.
Шишков додаде дека од бугарска страна ќе се направат напори за проектирање и изградба на патот до границата, бидејќи во моментов таква работа нема нема.
Проектот за изградба на граничниот пункт е финансиран во рамките на програмата Interreg VI-A IPP Бугарија – Македонија 2021 – 2027 година и е со вкупна вредност од 9 милиони евра. Главната цел на проектот е да се подобри поврзаноста во регионот и да се стимулира економскиот раст преку олеснување на сообраќајот на луѓе и стоки.
Изведувач на проектирање и изградба на бугарскиот пат што води до новиот граничен премин преку Струмјани – Микрево – Раздол – Клепало – граница со Македонија е агенцијата „Патна инфраструктура“.
Отворањето на овој граничен премин, според туристичките работници од Берово, мошне позитивно ќе влијае на развојот на туризмот во Малешевијата, а во двата најпознати туристички бисери Аурора на Беровско езеро и Манастир на излезот од Берово со години на ред најголем број од гостите од странство се токму од Бугарија.