Кочани, 18.10.2023
Задутре (петок 20 октомври) со почеток во 19 часот, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани ќе се одржи 52 Државен фестивал на аматерски филм на Македонија.
Во организација на Кино сојузот на Македонија и Народна техника на Македонија пред кочанската публика ќе бидат прикажани аматерски филмови изработени на конкурсот за 52 ДФНФ во категориите: документарен, краток игран филм, експериментален, анимиран или едноминутен филм.
На настанот ќе бидат прогласени и наградени најдобрите аматерски филмски изработки во сите категории. Одлуката за најуспешните филмови ќе ја донесе жирито во состав: Мишо Нетков, Петре Чаповски и Јане Темелковски.
Во рамките на Фестивалот, в сабота, на 21 октомври, ќе се одржи Третата школа за непрофесионален филм „Стефан Сидовски Сидо“ на која наградените учесници и учениците од ОУ „Крсте Мисирков“ од Оризари ќе реализираат работилница за подготовка на кратки филмови.
Педесет и вториот Државен фестивал на аматерски филм на Македонија финансиски е поддржан од државната агенција за филм, а се реализира со поддршка од Општина Кочани.