ШТИП: Изложба „Книга на хуманоста“ која задолжително треба да се види

Штип, 22.06. 2024 година

Во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип, по повод Светскиот ден на бегалците свечено беше отворена изложбата „Книга на хуманоста“, организирана од рудниците Боров Дол и Бучим, со поддршка на НУ Завод и Музеј Штип.

За карактерот и целта на овој уметнички проект зборуваше Кристина Крстева, заменик управител за одржлив развој на рудниците Бучим и Боров Дол:

-„Книга на хуманоста“ претставува уметничка  изложба  создадена од млади под 18 години од Македонија, Украина, Италија, Франција, Грција, Уругвај и Чиле. Преку своите дела, тие ја раскажуваат приказната за животот и длабочините на човечкото срце, споделувајќи ги своите уникатни перспективи и креативни изрази. Целта на овој уметнички проект e да ги истакне предизвиците и социјалните потреби со кои се соочуваат младите кои живеат низ тешки животни ситуации.Проектот е дел од глобалната иницијатива „Creative Fellowship“, која има за цел да ја подигне свеста за хуманитарните кризи и да обезбеди поддршка за децата и младите. Уметничките дела го пренесуваат светското културно богатство и вредностите на љубовта, добрината и пријателството“, рече Крстева.

Проектот е дел од глобалната иницијатива „Creative Fellowship“, која има за цел да ја подигне свеста за хуманитарните кризи и да обезбеди поддршка за децата и младите. Уметничките дела го пренесуваат светското културно богатство и вредностите на љубовта, добрината и пријателството.

Ивица Карапетров, заменик управител на рудниците Бучим и Боров Дол изјави:

-„Оваа иницијатива освен што ја поддржува младешката креативност, истовремено ја подигнува и свеста за важните хуманитарни прашања кои се од глобално значење. ‘Книга на хуманоста’ не само што ни покажува колку е значајна уметноста како форма на изразување, туку и ни помага да го разбереме и споделиме искуството на бегалците ширум светот.“

Карапетров и Штерјов

 

Изложбата е отворена за јавноста до 28 јуни 2024 година, а организаторите упатуваат јавна покана за сите љубители на уметноста и поддржувачи на хуманитарни цели да ја посетат Уметничката галерија „Безистен“ и да го истражат богатството на младешката креативност.

Кристина Крстева
Кристина Крстева

 

Проектот е куриран од Петра Зубласинг, италијанска олимписка спортистка и професионален илустратор и член на #creativefellowship која работи во издаваштво и рекламирање. Претходните изложби под нејзино кураторство:

2021: Музејот на среќата, галерија СААС, Лондон

2023: Биди свој херој, центар на заедницата Апијано, регионот Болзано, Италија

2023: Биди свој херој, Театар студио Молиер, Виена, Австрија

Овој проект е овозможен благодарение на: ДООЕЛ Бучим (Македонија), НУ Завод за заштита на спомениците на културата (Македонија), Фондација Creative Fellowship s.r.o. (Словачка), Монте јазично училиште (Бразил), Attitude Studios Виена (Австрија), Le Salley Dialogue School (Франција), PROSPECTIS SAS (Франција) и Креативна агенција Dot Shot (Словачка).

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе