Штип, 15.08.2024
Советот на Општина Штип од денес има уште двајца нови советници, и двајцата од листата на ВМРО ДПМНЕ од последните локални избори одржани есента во 2021 година.
На денешната седница локалниот штипски парламент го констатира престанокот на мандатот на досегашните советници Владко Захариев и Дејанчо Здравков, а на нивно место ги верификува мандатите на Христина Серафимовска и Никола Костадинов. Серафимовска работи на Универизтетот „Гоце Делчев“ додека Костадинов е доктор, специјалист по физикална медицина и работи во Клинички центар Штип.
Како што порано објавивме Захариев, на кого му престана мандатот на советник е назначен за диреектор на Клиничка болница Штип додека Здравков стана в.д.директор на Затвор Штип.
Претходно мандатот на советник му престана и на Душлко Иванов поради негов избор за пратеник.
Советот на регионалниот општински центар на истокот има вкупно 23 советници, од кои 13 се од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, 9 од СДСМ, а еден од партијата Левица. Поголемиот дел од пратениците го сочинуваат жени.
Градоначалник на Штип е Иван Јорданов од ВМРО ДПМНЕ.