Државјанин на Турција, баран со меѓународна потерница од Интерпол поради бегство од затвор во Турција, вчера бил уапсен во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
А.С. (44) од Анкара, Турција, бил осуден на казна затвор во траење од 23 години, еден месец и 15 дена за измама и навлегување во компјутерски систем. Во моментов за доиздржување има 18 години, девет месеци и 13 денови. Полициски службеници го откриле и го уапсиле во една скопска населба. Како што информираат од Министерството А.С. е предаден на надлежниот суд, каде ќе се отвори постапка за негова екстрадиција во Турција.