Адиент Македонија, трет пат сертифициран како најдобар работодавец за 2025 година

Штип, 17.01.2025

Адиент, водечки глобален добавувач за автомобилски седишта, ја доби овогодинешната сертификација „Најдобар работодавец“, Top Employer и за својата организација во Словачка, истовремено обновувајќи ја сертификацијата во шест други европски земји веќе оценети во претходните години.

Според оцената на Институтот Top Employers, локациите на Адиент во Чешка, Унгарија, Македонија, Романија, Полска и Србија покажаа подобрувања во споредба со минатогодишната проценка – со вкупно зголемување од 6,33% од минатогодишниот резултат. Помеѓу резултатите се истакнуваат највисоко рангираните компании во Република Чешка со вкупен резултат од 89%, и Адиент во Македонија и Србија, со постигнати 88%.

Адиент Сеатинг Штип и  Адиент Аутомотиве Струмица го добиваат сертификатот Top Employer за Македонија и Европа трета година по ред, покажувајќи напредок, и извонредни резултати од 88% во сите области кои се оценуваат.

Принципот на сертификација на годишно ниво има за цел да обезбеди споредба на корпоративните практики за човечки ресурси во различни индустрии и земји. Резултатите се засноваат на истражувања кои опфаќаат клучни области од управувањето со човечките ресурси како што се стратегија за луѓе, работна средина, привлекување на таленти, како и учење и развој на вработени.

„Ни претставува задоволство што на сите пазари низ EMEA на нашата организација го обновивме сертификатот за врвен работодавец, со посебен акцент на нашите локации  во Словачка кои постигнаа резултат од речиси 85% при првиот обид“, изјави Небахат Гулер, потпретседател за човечки ресурси EMEA во Адиент.

Адиент Аутомотиве Струмица и Адиент Сеатинг Штип го добиваат сертификатот Top Employer за Македонија и Европа трета година по ред, покажувајќи напредок, и извонредни резултати од 88% во сите области кои се оценуваат.

„Нашиот посветен тим е нашиот најголем адут. Ние ја негуваме тимската култура за различност, еднаквост и инклузија и ги цениме уникатните таленти и перспективи кои ги има секој од нашите членови на тимот. Сертифицирањето трета година по ред како Најдобар работодавец ги докажува тимските заложби за континуирано подобрување во нашето динамично опкружување и индустрија, и нé инспирира да направиме уште повеќе за нашите вработени во иднина“. – истакна менаџментот за човечки ресурси на фабриките Адиент Аутомотиве Струмица и Адиент Сеатинг Штип.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе