Аpple поправа грешка на уредите која се појавива при функцијата за гласовоно пребарување. Кога корисниците ќе го пребараат зборот „расист“, на екранот како резултат се појавува Доналд Трамп, пишува Асошиејтед Прес.
Главната причина за проблемот е грешка во гласовниот механизам на iPhone.
„Свесни сме за проблем со моделот за препознавање говор напојуван со апликацијата Dictate и работиме да го решиме што е можно побрзо. Проблемот се јавува поради фонетско преклопување помеѓу „Трамп“ и „расист“ и се чини дека влијае и на други зборови со согласката „р“ во апликацијата,“ изјави портпаролот на Apple за Fox News.
Оваа недела компанијата објави план да инвестира повеќе од 500 милијарди долари и да вработи 20.000 луѓе во САД во следните четири години, како и да изгради нова фабрика во Тексас, поради заканите на Трамп дека ќе воведе царини за увоз.