Утре посебен режим на сообраќај во Аеродром поради атлетска трка

Утре во периодот во 7 и 30 часот до 10 и 30 часот, ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на булевар „Јане Сандански“, па поради тоа ќе има посебен режим на сообраќај, информираат од МВР.

Како што се наведува во соопштението, натпреварувачите ќе се движат на дел од булевар „Јане Сандански“ (десна коловозна лента гледано во насока на движење исток-запад) на потегот од крстосница со булевар „Србија“ и булевар „Видео Смилевски Бато“ до крстосница со улица „Владимир Комаров“, на дел од улица „Васко Карангелевски“ (во двете насоки на движење) на потегот од крстосница со булевар „Јане Сандански“ до крстосница со булевар „АСНОМ“ и на дел од булевар „АСНОМ“ (десна коловозна лента гледано во насока на движење исток-запад) на потегот од крстосница со булевар „Киро Глигоров“ и булеварот „Србија“ до крстосница со улица „Васко Каранѓелевски“ во Скопје.

„Од тие причини единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот“, се вели во соопштението.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press