Иреални сказни од реалниот живот: Вевчани завиено во срам: Муко…”Туго”… Бруко!?

Пишува: Веле Митаноски
Пишува: Веле Митаноски

Секој, на овој свет, доаѓа со некоја задача, секому Севишниот му го покажал патот, за оттука натаму, самиот да си докројува својата судбина, секого го дарувал со по некоја дарба. Мене, сполај му, ме надарил со фотографска меморија и со задача колку што долго паметам, уште повеќе да собирам фактографија. За себе и за другите.

А, кога веќе ми ја определил како судба профессијата – новинарство, ми го дал и “седмото чуло”: во вистинскиот момент да се најдам на вистинското место, односно на вистинскиот настан.Одавно сум беше напишал дека новинарот го градат настаните, а не обратно. Кога е обратно, по правило завршува со трагедија!

Иако, се околу нас е трагедија, креирана од неранимајкoвци и афирмирана од несреќници и изроди, од маштабот на Латас и Ивонка, ќе ви пренeсам само два конкретни случаи. Во Бразил, земјата каде суверено владее глобалната мрежа “Глобо” (мојот ”примерок” кога го почнав Супер радио), беше се нашол некој новинар, како споменатите и сличните на нив: Миленко, Јади бурек (ги има подоста), газда на мала телевизија (по наше “семкарница” – какви сеуште виреат низ градовите!) ,кој уби човек, за од тоа да направи ТВ. Сторија, затоа што (нели Латасе!)  прв дознал!?

Кај нас, во чудесната ни Мафеодонија,така заврши, барем според официјалната истрага – во кофа со вода во тетовскиот затвор, мојот кичевски другар и колега Владо Танески, со кого заеднои го прогрмевме случајот (за вода!) “Суденчишта”, или второто македонско Вевчани! Со една непреспиена ноќ над селото  …со едно искуство од првиот извештај, испратен во “воено-полициски услови”, од терен – преку врските на Територијалната одбрана и со животни анегдоти, како избор за оваа серија: “Иреални сказни од реалниот живот”.

Едната е за “избалансираната” политика на “Циле-Национале”, кој во Кичево велеше водата е за кичевчани, а во Прилеп – за прилепчани! Втората е за повторената вевчанска непопустливост, доследност, ако сакате наречете ја и тврдокгаловост, на тогашното кичевско раководство. Мислам на другар ми Даме Силјаноски (градоначалник, тогаш претседател на општина) и на претседателот на тогашниот Извршен совет Спиро, на презимето не се сеќавам во овој момент. На претседателот на тогашниот републички Извршен совет, се си мислам дека беше Благој Попов, му вели: А, бe, претседателе: да поминува, овде, сега едно магаре торено со круши, ти крушите ќе ги расториш тука, или ќе ги носиш во Прилеп!? Од тоа време паметам и една колумна на Венко Андоновски, кој кичевчани ги направи пуздер, затоа што го запреле, го малтретирале на патот за Скопје, на местото каде протестираа, а тој се враќал од убаво поминатиот викенд во Охрид!?

Нејсе, за Вевчани ни беше муабетот. Тие се една од станиците на мојот новионарски Олимп, заедно со пријателствувањето со Сали Бериша и првиот извештај во светот за рушењето на споменикот на Енвер Хоџа на плоштадот Скендербег. Како и оној за убиството на студентскиот лидер Ајдари, и, секако градот Охрид – со амбииентот и случувањата во него. Со вевчанци го изодев патот – маршот до Скопје, за вевчанци бев повикуван неколку пати во “Коцките” крај Вардар (оние пред белата шамpита на црното ДПМНЕ!), бев сведок и афирматор на нивната, односно нашата прва демократска пролет, сведок како едно мало “село”, ја урна на плеќи целата власт: од министерот на полицијата, чинам беше Цане Андоновски, до првиот моќник на државата, Јаков Лазаровски (чинам по потекло од соседното Октиси!), претседател на ЦК СКМ!

Ете, како стапот, односно пендрекот имаат два краја! Има ќотек, има неправди, има и “сатисфакција”. Кога заврши случајот (според мојата документација ниту една редакција од Македонија не известувццаше објективно, освен по малку “Вечер” со моите паралелни извешптаи), палката, штафетата на демократската пролет и “плурализмот” во медиумите, ја презедоа токму, оние што во тогашната “Нова Македпониjа” пишуваа “чаршавски” колумни, нарачани од “Коцките”, на три колони (Панде Колемишевски), или објавуваа цели страници (Гордана Ристеска). Реков, многу паметам, затоа штопсе чувам!? Некој на Википедија ме претставил како човекот што знае премногу, што секако е претерување! Како и да е, ми беше доделен еден од првите пасоши (според серискиот број) на Вевчанската “держава”, а на Велигден, на мојата визита, закажував посебен термин за вевчанци, за да ги собере скромниот дневен салон, сите од Бетовци со баба Мара  на чео– внучињата си ја викаа мајче, па Куковци, па Батковци, легендарниот Лоте (Бог да му прости, финасиер на загребски “Динамо”),Мишо и Коста од Србаковци со семејствата… Како што и јас возвраќав кај Лотета во Вевчани, а таму го наоѓав Васко Костојчиноски, Слободан Богоески…

Затоа овие днеови, живем со чувство на двоен пораз: Дописник на Танјуг е Ивона Талевска, истовремено и уредник на “Вечер”, а пратеник “во храмот на демократијата” Крсто Мукоски!!!За првиот пораз, имам барем утеха: Беа тоа Танјуг на балканскиот ас – Михајло Шарановиќ, и “Вечер” на Мирко Миронски, од кого ја научив школата за новинареството со атрактивни наслови. Нормално, како и за секој производ што треба добро пакување, така и за новинарството треба – “панделка” на врвот!

Што да ви кажам за невидената, антологиска сатисфакција, на југословенски и балканскји план. Испратив извештај за Танјуг од Вевчани, ама испрати и соопштение Јаков од “трите Коцки!”. Нормално Танјуг “беше овластен” (“зауставите тог Танјуга!?”), да ги пушта во тикерот, онака “балансирано” и извештаите и “депешите” од Це-Ка! (Це-Ка не може да чека, им велеше на сообраќајните полицаи, возачот на нашата охридска, општинска Це-Ка!).  На долната половина од страницата, во светот угледната “Политика”, подеднакво за “двете страни” – по четвртина, го пренeсе и едното и другото. Ама, со овој додаток: “А, сада, коме веровати? Ипак, дописнику”!? За еден новинарски живот и ова е доволно. Реков дека се чувам! И за Пандета и за мене!

А, како им, на самите вевчанци денеска!? Се бореа, гинеа за Вевчанските извори, беа топ-тема во тогашна Југославија и светот, Јанез Јанша тука доагаше да учи демократија, а сега во срам завеани, во срам завиени! Велат: “не не перат ниту изворите, ниту цел Црн Дрим, та дури и Црна (реката) да ни е до гезот!”. Ги уби туѓиот срам, оној на нивниот “народни посланик”, Крсто Мукоски – мукала му мајка!?Ниту во најкошмарните соништа, ова не можеа да го видат! На времето, на пазарчето, средсело, ставија спомен плоча, со врежани имиња на тогашните моќници: Лазар Колишевски, Јаков Лазороски, Нина Попоска (претседателката на ИС од Струга), мислам и на Никола Ѓончески – од струшката Це-Ка и од селото на Јакова,  и на уште некои други од Скопје. А, зошто на пазарчето -благодарам на прашањето? За да “ги мокаат магарињата!”. Каде ли сега ќе го стават името на оваа “несреќа од човек” –  што ги снајде? Каде,ли, ќе најдат толку магариња – “да го мокаат”!?

Па, луге, мои “ово е немогуќе!”.  Во Вевчани – македонската демократска пролет! Вевчани – симболот на правдата и отпорот! Вевчани – “селото” во кое нивниот Алула, пред векови, носеше дел од Александриската библиотека! Вевчани – центар на образованието, на здравството и на што ли уште не, во струшко! Вевчани  – одавна влезено на светската мапа – ПО ДОБРО! Вевчани, и “Виа Игнација” каде ја правевме ликовната колонија – Фондација Киро Глигоров! Вујчевците на Крсто, ова за Глигоров го избришаа! Го избришаа името на човекот, кој им ја направи Колонијата, чии ликовни дела ги красат зидовите на меаната, човекот кој ги храбреше: “Вие сте последната одбрана на Македонија на овој нејзин дел!”.

Кога, самиот се рашетував низ владините одаи и кога ја превевме новата “кројка” на општините, кога сите села требаше да се вклучат во заедничката општина Струга, на тогашниот шеф му реков: Во тоа осило, во тој жар не чепкај, ќе си ги изгориш рацете! Ако им ја укинеш општината, ќе си ја добиеш првата “Андора на Балканите”! И така бидна, како што бидна, нашата, пак Дебрца, да си ја “протегнеме” се до големата вода, со стотина метри “обала” од Охридското Езеро, таман толку јас да можам да си ја споредувам со Неум-босанскиот излез на море, а денешната вмровска власт да направи плажа, да спишка стотици илјади евра, за плажа, на која жива душа досега не застанала!!!

Ете, толку за Вевчани и за му..му..Мукоското! Да си се вратам во Охрид,  преку  Велешта и Струга, преку раните на Села (истиот пат кој го минува и Муко!?), во градот прославен од Прличета, а денес со него владеат и во Скопје не претставуваат, потомците на некогашните охридски фарисеи, оние кои “неспособниот” Григор го набркаа да учителствува во дебарско, оние што тој ги нарекуваше:”Лицем свеци  -срцем ваци”!?

Каков пораз, каков срам, каков блам!? Дури тројца одшни “јунаци”  ја отвориле главната капија од “дуќанчето” на Трајко, за да влезат качулките на Бети!? Од тројцата двајца се лекари: хуманисти, едниот дури и со високи, светски “епилети” мегу Лајонсите!? Мој лекар, син на мојот лекар и внук на мојот пријател (од прикаската: “Дебрца беше боза во револуцијата!), уште и  зет на мојот драг пријател – Лале од “Агро –Куманово”, бизнисмен, хуманист…човек!

Тој, пак другиот, лекар и прв човек на охридската медицина, не заслужува коментар. Тој е “коментар” – сам за себе! Самиот си кажа дека бил “залутан по ходниците” во Собранието, не знаел, не научил “за неколку недели, од каде да бега!”, бил “смртно уплашен”, “кружел околу својата замислена оска” – покажувајќи им го патот на главоцечачите (!), не знаел “каде му е главата”!

Токму така, сега нема да знае и “каде му е опашката!”, затоа што незнаел дека е “Хипокрит под маската на Хипокрит!”, дека, сепак од “даб не се прави свирче”, или како што велеа моите на село: “Она што не се прчило, нема  и да се окози”!!!

“Завршен цитат”, според посланието на Крсто Мукоски!

 

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе