Празен куфер, кој бил оставен од две лица на плоштадот „ВМРО“ пред седиштето на партијата ВМРО-ДПМНЕ, ги испразни околните згради, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Како што оттаму информираат, лице од обезбедувањето на Јавното претпријатие „Државни патишта“ околу 13 часот денеска, пријавило дека на видеонадзорот биле забележани две лица кои го разгледувале просторот, при што едно од нив оставило куфер.
„Двете лица го разгледувале местото, а едно од лицата оставило куфер. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека куферот е празен“, соопштија во МВР.