Дали и „Лукоил“ во Македонија потпаѓа под новите американски санкции?

Канцеларијата за контрола на странски средства (ОФАЦ), во рамките на Министерството за финансии на САД, во четврток воведе санкции врз руските компании „Роснефт“ и „Лукоил“, пренесува Независен.

Како причина, ОФАЦ наведе дека „Русија не покажува сериозна посветеност на мировен процес што би ја завршил војната во Украина“.

Руската компанија „Лукоил“ работи и во Македонија под името „Лукоил Македонија“, нејзината основна дејност е продажба на нафтени деривати, а по објавувањето на санкциите. Па многумина си го поставуваат прашањето дали и „Лукоил“ во Македонија можеби потпаѓа по санкции.

Министерството за финансии на САД наведе список на сите подружници на „Роснефт“ и „Лукоил“ што потпаѓаат под санкции, а компанијата „Лукоил Македонија“ не е спомената на таа листа. Всушност, не е спомената ниту една подружница на „Лукоил“ во регионот (туку само во Русија). Но има одредена загриженост во двата соседи кои имаат силни подружнисици – во Бугарија и Србија.

Министерството за финансии на САД дополнително истакнува во одлуката дека „сите фирми во кои ‘Роснефт’ и ‘Лукоил’ имаат 50 проценти или повеќе сопственост, директно или индиректно, автоматски се блокирани според Извршната наредба 14024, дури и ако не се индивидуално наведени од OFAC“.

Бидејќи денеска во Македонија е државен празник нема ни официјални ни неофицијални реакции за санкциите на САД врз „Лукоил“.

Владан Павловиќ од Ипопема Секјуритиз истакнува дека, со оглед на тоа што сопственик на „Лукоил Србија“ е компанијата „Лукоил Интернешнл ГмбХ“, а таа компанија не е на листата на санкционирани подружници, затоа не би требало да има влијание врз нашиот пазар.

Na pitanje da li „Lukoil Srbija“ potpada pod nove američke sankcije, iz ove kompanije su za Danas odgovorili da kompanija zasad normalno posluje.

Dodali su da se sva poslovna komunikacija, nabavka, transport i plaćanja robe u veleprodaji i maloprodaji za sada obavljaju na uobičajen način, bez ikakvih ograničenja.

И во Македонија и во Србија и во Бугарија „Лукоил“ работи нормално, нема никакви ограничувања.

Во Бугарија малку покомплицирано и поради рафинеријата во Бургас. Таму централната банка веднаш реагираше. Бугарската национална банка објави дека ги разгледува и анализира потенцијалните последици за банкарскиот систем на земјата од спроведувањето на санкциите што ги воведоа САД против руските нафтени компании „Роснефт“ и „Лукоил“, кои се сопственици на рафинеријата „Нефтохим“ во Бургас.

Сепак, според централната банка, „на системско ниво, не постои директен кредитен ризик што би влијаел на стабилноста на банкарскиот систем во земјата“, поради рестриктивните мерки.

Во соопштението на БНБ се наведува дека „кредитните институции самостојно ќе донесуваат одлуки во врска со нивните договорни односи со потенцијално засегнатите клиенти“. „Ова ќе се направи со проценка на ризикот од воспоставување или одржување на деловни односи, во согласност со барањата на Законот за мерки против перење пари и земајќи ја предвид можноста за примена на секундарни санкции против лица или институции кои го прекршуваат режимот на ОФАЦ“, додаде бугарската централна банка.

Сепак, БНБ забележува дека од гледна точка на економските последици, правните лица во Бугарија кои потенцијално се погодени од воведените санкции се меѓу значајните економски субјекти чии финансиски текови се опслужуваат од банкарскиот сектор.

Во разгледувањето на можните последици за бугарската економија и одделни банки се вклучи и лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, кој изјави дека санкциите „не се шега“.

„Разговаравме со министерот за финансии и гувернерот на Бугарската народна банка да следат многу внимателно и да бидат внимателни, бидејќи ова не е шега. Може да останеме без гориво во одреден момент. Кои се санкциите против банките што вршат трансфери за купување нафта. Проблемот со ‘Лукоил’ е сериозен и многу деликатен“, рече Борисов.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press