Јавното обвинителство во Битола поведе истрага против 33-годишна битолчанка осомничена за продолжено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги. Таа во текот на изминатите месеци, според обвинителството, продавала марихуана на необичен начин оставајќи пакувања со дрога на надворешен дел од ѕидна ограда, од каде купувачите ги подигнувале.
При претрес во нејзиниот дом, полицијата пронашла 13 зипер-ќесички со марихуана подготвени за продажба, со вкупна маса од околу 20 грама, како и три дигитални ваги со траги од марихуана и кокаин.
Обвинителството од Основниот суд во Битола побара определување мерка притвор за осомничената, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и ризик од повторување на делото.
