На штипскиот универзитет ќе се основа Иновациски центар

 

Штип, 16.02.2026

Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Стопанска комора на Северна Македонија и Општина Штип денеска потпишаа иницијатива за основање на Иновациски центар во Штип, чија цел е да се поттикне претприемништвото кај младите и да се овозможи развој на нови бизниси со поддршка од универзитетот, локалната самоуправа и бизнис-заедницата.

Ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски, истакна дека станува збор за заеднички напор на сите релевантни чинители во регионот.

Овој иновациски центар е заеднички напор да реалниот сектор, стопанството локалната самоуправа и компаниите од овој регион заедно со универзитетот направат еден мост да можат нашите студенти, професори да ги развијат своите идеи до степен на комерцијализација, да допринесат за реално вработување на идните генерации, да допринесат реално за развој на стопанството во овој регион и реално да имаме подобри шанси за успех и од аспект на економијата но и од аспект на квалитетот на животот во источниот регион. Нашите студенти би можеле тука да прават бизниси кои што се компетитивни со било каде во светот. Таа идеја за мене е благородна и дискусијата навистина е излишна кога имате можност реалниот сектор заедно со локалната самоуправа и универзитетот, односно младите луѓе кои што се кај нас, им отвораме простор да се развијат како поединци, да направат поврзувања со реалната економија и да направат бизниси од кои ќе можат да живеат и тие и нивните идни вработени, со подобри услови за работа, повисоки плати и поголем развој“, изјави Мираковски.

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, нагласи дека Штип и универзитетот се подготвени да партиципираат во процесот на трансформација на образованието во насока на потребите на бизнисот.

МИРАКОВСКИ: Овој иновациски центар е заеднички напор реалниот сектор, стопанството, компаниите и локалната самоуправа од овој регион заедно со универзитетот да направат еден мост за да можат нашите студенти и професори да ги развијат своите идеи до степен на комерцијализација…

Оваа соработка со општина Штип и со Државниот Универзитет лично сметам дека и општината и универзитетот се подготвени да партиципираат во тој процес најдобро од сите други општини и универзитети во државата. Одговорно можам да го потврдам со тоа што Универзитетот Гоце Делчев од Штип практично е првиот којшто ги следи сите активности за трансформација на образованието во поглед на потребите на бизнисот, рече Азески додаде:

Она што Стопанската комора ќе го направи е да излеземе надвор од рамките на државата и со поддршка на економскиот инвестициски форум со седиште во Трст, во рамките на Европската унија, како продукт на планот на канцеларката Меркел за поддршка на Западен Балкан, како и со проектни активности финансирани од Европската унија, да овозможиме програми за општината и универзитетот кои со европски средства ќе придонесат за нивен развој“, истакна Азески.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press