Здружението на новинари на Македонија одбележа 80 години постоење, наградата за животно дело на Ристо Тасев, новинар од Струмица и фоторепортерот Роберт Атанасовски
18.02.2026
Здружението на новинари на Македонија синоќа, со свечена академија одржана во македонската опера и балет одбележа 80 години од постењето. Централен дел на манифестацијата беше додеувањето на наградата за животно дело и годишните награди на новинарство.
Наградата за животно дело во македонското новинарство им е доделен на Ристо Тасев, долгогодишен новинар од Струмица и на Роберт Атанасовски, фоторепортер од Скопје. Годишната награда за истражувачко новинарство ја поделија новинарите на „Код“, Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и Ирена Мулачка од „Фокус“ сите за нивните стории за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Наградата за најдобра регионална и локална сторија ја доби новинарот Ардит Рамадани од „Порталб“.
Наградата за известување на локално ниво ја доби дописничката на „Независен“ од Битола, Анета Блажевска. Признанието на Блажевска е за текстовите во кои се обработуваше темата за злупотребата на функцијата поранешната директорка на средношколскиот дом во Битола. Парадокасално, за Блажевска се води судски процес за случајот за кој доби новинарска награда.
Здружението на новинари му додели и признание на Владо Апостолов од БИРН.
На свеченоста, покрај бројните новинари, присуствуваа и амбасадори, претставници на политички партии, како и министри.
