Koчани, 29.06.2017
Првенците на генерацијата од Кочаниод 3 до 10 јули ќе летуваат на островот Паг, Република Хрватска. Ова е награда од Општина Кочани и градоначалникот Ратко Димитровски за постигнатите успеси во школувањето.
Наградата е резултат на повеќегодишната соработка на Општина Кочани со хрватската Крижевци. На одмор ќе заминат осумтемина најдобри ученици од основните и од средните кочански училишта.
По иницијатива на градоначалниците на Кочани и на Крижевци,Ратко Димитровски и Бранко Хрг, трета година по ред се реализира меѓуопштинската соработка за летување на кочанските ученици во Паг и зимување на крижевски ученици на Пониква.
На средбата на учениците со градоначалникот Димитровски пред нивното заминување, беше истакнато дека овие две пријателски општини настојуваат да ја продлабочуваат меѓусебната соработка во сите сфери од живеењето, а тие во Паг ќе бидат амбасадори на Кочани и на Македонија.
Покрај бесплатното летување, учениците на генерацијата од Кочани како награда од Општината добија и по 100 евра
(Љ.Ајтовска).