Православните верници го одбележуваат денот на наоѓањето на главата на Свети Јован Крстител

Православните христијани денеска го чествуваат денот на наоѓањето на главата на Свети Јован Крстител. Според преданијата, Јован Крстител, големиот пророк кој го крстеше Исус, бил убиен по наредба на Ирод по инсистирање на неговата жена, Иродијада. Нејзиниот страв дека пророкот би можел да воскресне ја натерал да ја одвои главата од телото и да ја сокрие на тајно место.

Дворјанката Јоана, жена на Хуза, не можела да трпи дека главата на Божјиот човек ќе остане на место полно со бесчестие. Тајно ја ископала и ја пренела во Ерусалим, каде што ја закопала на Елеонската Гора. Легендата вели дека дури и царот Ирод, кога слушнал за чудесата што Исус ги изведувал, се исплашил и рекол: „Тоа е Јован когошто јас го убив, стана од мртвите“ (Марко 6,16).

Подоцна, богат човек од Ерусалим, кој се откажал од световните богатства и станал монах под името Инокентиј, се населил токму на местото каде што беше скриена главата. Тој изгради келија и, копајќи под земја, пронашол земјен сад со главата на Крстителот, за која бил таинствено известен дека е токму неговата. Ја целивал и ја закопал повторно на истото место.

Со текот на времето, чудотворната глава од Свети Јован Крстител преживеала многу превирања и била повторно откриена, сè додека во времето на благочестивата царица Теодора и патријархот Игнатиј не била пренесена во Цариград.

Интересно е што додека бил жив, Свети Јован не изведувал чудеса, но неговите мошти подоцна добиле дар на чудотворство, оставајќи траен белег на верската историја.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press