Македонија тргна кон Австрија: Лазаров го тестира тимот пред клучниот бараж

Македонската ракометна репрезентација после неколку денови подготовки денеска заминува за Австрија каде ќе одигра пријателски натпревар против истоимената селекција. Натпреварот е закажан на 21 март во 18 часот во градот Брегенц.

Селекторот, Кирил Лазаров за ЕХФ-неделата повика 20 ракометари. За овие мини-подготовки одлучи да ги одмори Никола Митревски и Жарко Пешевски, а поради повреди ги нема Игор Ѓоргиев и Мартин Серафимов. Во составот се врати Милан Лазаревски, кој после долгата пауза е во одлична форма, тоа го покажува во дресот на Вардар 1961.

Контролата со Австрија е тест пред бараж мечот за пласман на Светското првенство 2027 година. Македонија името на противникот ќе го дознае во недела за кога е закажан реваншот меѓу Словачка и Украина. На првиот меч победи Словачка која славеше со 27-23.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press