Александар Трајковски засекогаш ќе остане во вечно сеќавање како “Херојот од Палермо“. Не треба објаснување зошто. Италија – Македонија на 24.03.2024 во Палермо, се играше 90+3.минута при резултат 0:0, го матираше славниот Донарума за победа на Македонија, за пласман во финалето од плеј – офот за пласман на СП 2024. Италија беше на колена пред Алекс, пред Македонија. Лудило на трибините на „Енцо Барбера“ стадионот во Палермо каде беа нашите фанови.
Ова ќе остане за навек. Ова може да се промени само ако Алекс вечерва а потоа и во финалето ја однесе Македонија на СП со нов гол, епски гол. Само така.
И кога сме кај Алекс да кажеме дека вечерва тој по 99. пат ќе настапи за Македонија. Значи е блиску до „стотката“, блиску е да влезе во одбраното друштво на Горан Пандев (122 настапи) и Гоце Седлоски (100 настапи).
Трајковски дебитираше за најдобрата селекција на Македонија уште во 2011 година, значи цели 15 години тој е во репрезентацијата, значи 15 години важи за еден од најдобрите наши фудбалери.
