Мицкоски ќе присуствува на Самит ЕУ – Западен Балкан во Тиват

Премиерот Христијан Мицкоски денеска учествува на Самитот ЕУ – Западен Балкан, кој се одржува во Тиват, Црна Гора, каде лидерите од регионот и Европската Унија разговараат за европската интеграција и регионалната соработка. Настанот се одвива во хотелот „Regent Porto Montenegro“.

Главни теми на состанокот се процесот на проширување на ЕУ, реформските процеси во земјите од Западен Балкан и зајакнувањето на политичката и економската соработка со Унијата.

На самитот копретседава претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој претходно деновиве ја посети и регионот, вклучително и Скопје, каде на 2 јуни се сретна со премиерот Мицкоски. Кошта порача дека напредокот во евроинтеграциите зависи од реформите, дијалогот со соседите и исполнувањето на преземените обврски.

По завршувањето на самитот, во 15:30 часот е најавена заедничка прес-конференција во Naval Heritage Museum во Тиват.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press