Утре во Охрид ПОПГМ отвора своја канцеларија

Охрид, 05.09.2017

  • Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија испраќа покана до охриѓани и останатите кои тој ден ќе бидат во градот на сите светски убавини на едно убаво дружење и пријатен разговор за да се види како понатаму во политичкото делување…

Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ), утре, (среда, 6. Септември), во 19, оо часот, за своето членство и граѓанството на Охрид, организира свечен коктел, дружење и размена на искуства, по повод официјалното отворање на Канцеларијата на Општинската организација.

general-640x342
Илија Николовски

Канцеларијата – седиштето на Партијата е на Туристичкиот Булевар, во објектот – “Мини базар” на “Гранит”, наспроти ОУ “Григор Прличев”. Примарниот фокус на делувањето на ПОПГМ се грижата и унапредувањето на статусот и позицијата на полулацијата од такавиканото “третото доба”, но со своите програмски определбни, е подеднакво отворена за сите граѓани, без разлика на старосно доба, социјален статус, верско убедување и национална припадност.

Кога станува збор за Охрид, ова е од особено значење, бидејќи градот, сам по себе, е значаен не само за овдешните пензионерите, односно за полулацијата од “третото доба”, туку и од целата земја. Најнапред со убавините, уреденоста на градот со парковските површини и цветните алеи, каде најчесто заседнуваат постарите, но и поради големиот број викендици и викенд становите каде, надвор од шпицот на сезоната, престојуваат постарите лица, па се до тн. здравствен туризам, односно можностите што градот институционално ги пружа на тој план: Кардиолошкиот центар, каде на пост – оперативно закрепнување и опоравување, доагаат главно пензионери од целата земјата, односно Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Свети Еразмо”.

Охрид, со скорешното започнување на изградбата на Домот за стари лица , се стекнува со нова димензија, затоа што изградбата не е значајна само од локален, туку и од национален – општо државен, па и интернационален аспект, затоа што Домот, со својот капацитет, опременоста и високото ниво на услугите што ќе ги пружа, заедно со градот и крајезерскиотвамбиент, ќе биде привлечен и за популацијата од “третото доба” во Европа и светот.

ПОПГМ  го очекува Вашето присуство, на едно убаво другарување, на разговор за да видиме како понатаму во унапредувањето праватат и статусот на 300 илјадната пензионерска популација, а за која се врзани барем уште толку помлади граѓани на нашата земја.
Во името на Партијата на свечениот чин ве кани претседателот на ПОПГМ и пратеник, генерал Илија Николовски.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе