(Фото) Смелото деколте откри премногу: Џесика Алба го покажа стајлингот за свадбата на Тејлор Свифт

Познатата актерка Џесика Алба ужива во новата врска со Дени Рамирез, кој е 11 години помлад од неа. Двојката неодамна беше видена на Светското првенство, а дури успеаја да стигнат и до свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келс.

Холивудската убавица објави неколку фотографии и видеа на кои се гледа како се подготвува со Рамирез, а потоа го покажа и својот финален стајлинг.

View this post on Instagram

A post shared by Jessica Alba (@jessicaalba)

Златно здолниште со кристали и светки во комбинација со црн топ кој имаше многу длабоко деколте, беа нејзиниот избор за овој спектакл во Њујорк, а сè комплетираше со црни салонки, додека косата ја врза во опавче.

„Ја сакаме љубовта. Честитки, Т&Т, беше прекрасна ноќ во која те славевме“, напиша Џесика во описот на објавата.

Секако, не недостасуваа позитивни коментари за нејзиниот изглед, но и за нив двајцата како вљубен пар.

„Како ангел си“, „Прекрасна си“, „Можеш ли да остариш“, „Истата со децении“, „Прекрасна двојка сте“, беа дел од коментарите.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press