Натали Портман (46) го очекува своето трето дете, а сега ја објави првата фотографија со трудничко стомаче

Натали Портман одбројува до породувањето, а сега објави фотографија на Инстаграм и ги воодушеви обожавателите со еден потег. Во април оваа година, Натали Портман ја откри веста дека францускиот музичар Тонги Детабл и таа го очекуваат своето прво дете, што беше големо изненадување за јавноста.

Во интервју за списанието „Harper’s Bazaar“, актерката потоа се осврна на многу теми поврзани со деловниот и приватниот живот, и не криеше дека е повторно среќна во љубовта откако нејзиниот прв брак се распадна по 13 години.

View this post on Instagram

A post shared by Natalie Portman (@natalieportman)

Сега се огласи на Инстаграм за да му даде до знаење на светот дека одбројува до своето трето раѓање на 46-годишна возраст. Натали позира на балкон, држејќи го трудничкото стомаче. Носи „оверсајз“ сина кошула и златни додатоци.

„Ги броиме деновите додека не те запознаеме“, кратко напиша актерката.

View this post on Instagram

A post shared by Natalie Portman (@natalieportman)

фото/Depositphotos

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press