Србија го подигна нивото на закана од тероризам, нападната амбасадата на Израел од поддржувач на Исламска држава

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи во технички мандат Ивица Дачиќ изјави дека синоќа, 15 минути по полноќ, во Белград е извршен терористички напад врз припадник на жандармеријата кој ја обезбедувал израелската амбасада, по што е наредено да се подигне нивото на безбедносна закана од тероризам на највисоко ниво и да се зголеми присуството на полицијата на клучни локации. Како што додаде, припадник на жандармеријата го убил малолетниот напаѓач.
„Еден малолетник, чиј идентитет сè уште не е утврден, за кој постои основано сомнение дека е од Шабац, извикал „Алаху акбар“ нападнал припадник на жандармеријата и го нападнал со два ножа“, рече Дачиќ, соопшти МУП.

Тој додаде дека припадник на жандармеријата го убил напаѓачот во самоодбрана, но дека во таа прилика самиот бил полесно повреден, односно добил посекотина на лицето од ножот со кој бил нападнат.

„Истрагата е во тек и сите детали ќе бидат познати веќе во текот на ноќта. Имајќи предвид дека терористичкиот напад се случи на наша територија, како министер за внатрешни работи кој е одговорен за него, го подигнав нивото на закана од тероризам на највисоко можно ниво, односно на црвено ниво“, објасни Дачиќ.

Тој прецизираше дека ова подразбира зголемена контрола и присуство на полициски сили на локации од посебно безбедносно значење, вклучувајќи инфраструктурни објекти и места каде што се собираат голем број граѓани.

„Уште еднаш сакам да повторам дека во терористичкиот напад што беше извршен синоќа, припадник на жандармеријата кој ја обезбедуваше израелската амбасада и кој го уби напаѓачот беше полесно повреден. Иако неговиот идентитет сè уште не е утврден, нашата служба го следеше и се знае дека тој бил поддржувач на Исламска држава. На својот Инстаграм профил, тој држеше црно знаме и симболот на Исламска држава“, рече Дачиќ.

Тој додаде дека заедно со директорот на полицијата, генерал Драган Васиљевиќ, го посетил повредениот припадник на жандармеријата, кој се чувствува добро и денес ќе биде пуштен дома.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе