Новинарите од центарот „Исток“ со силна поддршка на Селмани
Штип, 12.03.2018
Регионалниот центар на новинари „Исток“ во состав на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) се придружува кон протестите по повод заканите упатени кон претседателот на Здружението на новинари НасерСелмани од страна на високиот партиски функционер на коалициониот партнер, ДУИ, БекирАсани.
„Ова е уште еден од многуте случаи во кои државата треба да покаже дека заложбите за независно новинарство, ослободено од секаков притисок не се само на хартија. Тоа ќе го покаже само ако сите надлежни органи и институции постапат во согласност со своите ингеренции и соодветно го расчистат случајот со заканите кон претседателот на ЗНМ НасерСелмани, и исто таков однос демонстрираат и во сите останати случаи кога новинарите и новинарството биле подложени на сериозни притисоци и закани. Премолчувањето и игнорирањето на овој случај ќе значи јасна порака дека владата нема намера да го ослободи новинарството, што ќе биде сериозен удар не само за новинарството, туку и за демократскиот или „демократскиот“капацитет наРепублика Македонија“, стои во соопштението потпишано од регионалнот координатор Тони Михаилов.