Штип, 20.03.2018
Не 100.000 евра како што објавија од штипската опозиција туку околу 33.000 евра во бруто износ ќе чинат новите вработувања во штипската локална самоуправа. Опозиционерите ја триплира бројката па и ја подметнаа на јавноста зашто сто илјадарки поубаво звучат, а и силно бодат очи.
На последната седница на Советот на општината јасно беше предочено дека за годинава се предвидени вкупно 13 нови вработувања од кои седум се за места кои ќе бидат испразнети поради пензионирање, додека шест работни места се нови вработувања поради потребата од подобрување на капацитетите на општината.
„Согласно Законот за вработени во јавниот сектор ние имавме обврска до крајот на овој месец да изготвиме годишен план за вработувањње. Тој план содржи три компоненти: работно место преку унапредување или распоредување; планирано испразнување на работни места преку пензионирање и трето, планирање нови вработувања. Новите вработувања треба да се реализираат согласно остварувањата на буџетот“, рече Соња Китанова, секретар во Општина Штип.
За годинава услов за одење во пензија стекнуваат 7 вработени на чии работни места треба да дојдат нови лица. Уште шест нови вработувања треба да бидат реализирани до крајот на годинава заради потребите од поефикасна локална самоуправа. Тие шест нови работни места, во бруто износ, ќе ја чината општината околу два милиони денари, што е еднакво на 33.000 евра.
За годинава услов за одење во пензија стекнуваат 7 вработени на чии работни места треба да дојдат нови лица. Уште шест нови вработувања треба да бидат реализирани до крајот на годинава заради потребите од поефикасна локална самоуправа. Тие шест нови работни места, во бруто износ, ќе ја чината општината околу два милиони денари, што е еднакво на 33.000 евра.
„Ни фалат економисти, правници, информатичар, градежен инженер, архитект, сообраќаен инженер. И сето тоа е согласно големината на нашиот град и потребите кои произлегуваат од тој факт. Еве ви еден податок во однос на ова прашање: во тек е постапката за решавање на предмети од бесправно изградени објекти во градот, нив ги има околу 9.000, на таа работа се ангажирани сите правници и тука ни фалат луѓе“, вели Китанова.
Инаку, во локалната самоуправа во Штип има 160 вработени. Во најголем дел се со завршена Педагошка академија или Педагошки факултет. Платите околу кои се плетат разни пикантни приказни и не се нешто посебно.Вработен со средно образование имаат плата од 14.000 до 17.000 денари, помлад соработник има плата од 20.000 денари, виш соработник зема 23.000 денари, вработените со статус на државен советник (не оние во Советот на општината, да нема забуна) имаат плата од 25.000 до 28.000 денари, во зависност од работниот стаж.
Годишниот план е изготвен на основа постојната систематизација на работните места која систематизација е донесена во 2015 година. Советот на Општина Штип на последната седница донесе одлука за 2019 година да се изготви нова систематизација при што акцент ќе се даде на прераспоредувањето на дел од вработените кои сега завземаат работни места кои не се во согласност со нивните квалификации.