Штип, 07.05.2018
Дваесеттина студенти на шеста година (апсолвенти) по медицина на универзитетот „Гоце Делчев“ неделава (ќе) се грижат за доброто здравје на штипјани. Tие ќе мерат крвен притисок, шеќер, пулс и респирација на секој граѓанин кој ќе посака да си ја провери здравствената состојба.
Денес студентите-идни доктори беа во штипската гимназија каде на стотина ученици им вршеа здравствена проверка. Студентите ни рекоа дека на оваа благородна задача работат неколку нивни тимови.
Од утре (вторник) тимови на овие млади луѓе ќе бидат стационирани пред зградата на старата НАМА во центарот на Штип, на градскиот пазар, пред ТУШ, во населбата Сењак пред КАМ маркетот. Прегледите ќе бидат вршени во времето од 8 до 10 часот.
Секој граѓанин кој во тоа време ќе се најде на цитираните локации ќе биде прегледан и на лице место ќе му бидат соопштени резултатите, велат студентите.
Идејата за оваа убава и корисна работа по здравјето на штипјани дошла од рекотрската управа и деканото на Факултетот за медицински науќи.